апр 19
Светото место со 2200 храмови
Постирано од admin | Постирано во Архитектура
Баган е антички град кој се наоѓа во регионот Мандалај во Бурма. Во периодот помеѓу 11-ти и 13-ти век во Баган (како главен град на тогашното кралство) се изградени над 10.000 будистички храмови, од кои денес се останати околу 2.200-те. Баган уште не е прогласен за светско наследство од страна на УНЕСКО и се очекува тоа да се случи во блиска иднина. Во Бурма, археолошката зона на Баган отсекогаш била главна туристичка атракција.
апр 17
Синиот град во Индија
Постирано од admin | Постирано во Архитектура
Џодпур е град во државата Раџастан во Индија и е познат како синиот град или градот на Сонцето. Го нарекуваат синиот град бидејќи голем број од фасадите на куќите се офарбани во сино, или градот на Сонцето бидејќи е лето во текот на целата година. Градот освен по специфичната архитектура е познат и по тврдината Мехрангар каде се наоѓаат неколку познати палати. Кривулестиот пат од палатата води подолу до синиот град.
мар 28
Хотел изграден во праисториски пештери
Постирано од admin | Постирано во Архитектура
Овој необичен хотел е лоциран во областа Саси која е дел од Матера, град во јужниот дел на Италија. Хотелот “Sextantio Le Grotte Della Civita” e eдинствениот хотел во светот изграден во рамките на природната екстраваганција на праисториски пештери. Овој хотел е добро сочуван пример за градот каде што илјадници пештери со векови се користат како живеалишта, цркви, па дури и палати. Од 1993-та година хотелот е под заштита на УНЕСКО каде што луксузната удобност е во идеален спој со праисторискиот дизајн.
мар 27
Новата Starbucks кафетерија во Амстердам
Постирано од admin | Постирано во Архитектура
мар 14
Претседателската палата во Казахстан
Постирано од admin | Постирано во Архитектура
Изградбата на претседателската палата во Казахстан започнала во септември 2001-та година, а официјално била отворена после 3 години, во декември 2004-та година. Палатата е висока 5 ката, плус 2 ката под земја. Вкупната површина на главната сала е 1 800 метри квадратни. Декорот содржи орнаменти од традиционалните елементи на Казахстан. Првиот кат е висок 10 метри, а овде се наоѓа и огромна канделабра која тежи 3,5 тони. Во палатата има т.н. “Златна сала” која се користи за вршење на преговори со шефовите на странските земји. Фотографиите во галеријата се од ручек посветен на средбата на претседателот со странски делегати.
мар 12
Хотелот-фонтана во Чиле
Постирано од admin | Постирано во Архитектура
Името на овој хотел е “Моntаñа Мágiса Lоdgе” и се наоѓа во Уило Уило, Чиле. Опкружен со мов и дрвја од дождовните шуми, овој хотел е еден од најнеобичните хотели во светот. Хотелот е изграден во форма на пирамида низ која протекува вештачки водопад, правејќи го уште поразличен. Собите од хотелот имаат прекрасен поглед кон шумата, а исто така нуди и мини терени за голф, барови, библиотека и други атракции.














Модерен мебел за домашни меленичиња
Носталгија за детството
Венчавка во англиски стил
Алкохолните пијалоци под микроскоп
Видео: Лондон гледан од небото
Лана дел Реј за списанието ”Моda S”
Постери со силни пораки за заштита на Земјата