мар 31
Постирано од admin | Постирано во Архитектура
Вилата се вика Мајана и е дизајнирана од страна на архитектот Енрике Бараскот и се наоѓа во близина на плажата Ермоса во Коста Рика. Според официјалниот опис, Мајана е совршенo складиште на апсолутна приватност и удобност. До главниот влез води пешачка патека покриена со црн вулкански камен. Користени се и други природни материјали како песочник, бабмус и црешово дрво за вратите и прозорците. Вилата располага со 6 двокреветни соби, 2 дневни соби и 2 соби за јадење и можат да се сместат до 16 луѓе. Најниската цена за изнајмување неделно (за 6 лица) е 8.955 €.

мар 29
Постирано од admin | Постирано во Архитектура
Изградена од бетон, стакло и нерѓосувачки челик, оваа несекојдневна вила поточно се наоѓа на Беверли Гроув, во Лос Анџелес, Калифорнија. Секој пат кога ќе се погледне овој дом од 7.500 квадратни метри се добива чувство на огромен модернизам и на слобода. Внатрешните скали во овој приватен дом ги поврзуваат сите катови од куќата, се до базенот на покривот, каде што може да се ужива во непречена панорама oд 360 степени на Лос Анџелес и Тихиот Океан. Погледнете ги фотографиите и ќе забележите дека вилата изобилува со фантастични детали и сигурно би посакале ова да е вашиот дом.

мар 23
Постирано од admin | Постирано во Архитектура, Слики
Изградена во прегратките на дождовните шуми и во допир со сребрениот океански брег, вилата Прималаи владее со тропската вегетација.
Спокој, самотија и совршена изолираност. Овие зборови се први кои паѓаат на ум за Прималаи. А на тоа, се додава луксуз, елеганција, природна околина и вистинска пријателска услуга. Било да е за меден месец, свадбена церемонија, нуркање, лично интимно бегство или деловни состаноци, вилата Прималаи е совршна опција. Единствен звук кој се слуша се лизгањето на брановите врз песочната плажа. Сместена е близу месноста Ко Ланта и Морскиот национален парк Ланта.

мар 11
Постирано од admin | Постирано во Архитектура
Со ова креативно архитектонско решение се гордее студиото Turett Collaborative Architects кои успеале да поврзат со метален тобоган два идентични еднособни стана во Њујорк. Тобоганот започнува од канцеларискиот простор на горниот стан и завршува помеѓу дневната соба и трпезаријата на долниот стан.

Осумнаесет апартмани и вили кои зафаќаат повеќе од 2000 метри квадратни обезбедуваат неверојатно пријатно искуство на Санторини во луксузното одмаралиште Mystique. Гостите можат да го искусат и да уживаат во бесконечниот базен, барот “Aura” покрај него, ресторанoт “Charisma” и винаријата “Secret”. Мебелот во “Mystique” е рачно изработен од дрво, камен и стакло, со перничиња од антички текстил. Примамливите детали врежани во ѕидовите, дрвена платформа што води до базенот опкружен со лежалки, вкусните оброци и десерти, глетката што не се опишува и уште многу други моменти го прават “Mystique” одличен избор за одмор и релаксација. За гостите е обезбедена собна услуга, негувател и батлер кои стојат на располагање 24 часа во денот.

мар 03
Постирано од admin | Постирано во Архитектура
Погледнете неверојатни и уникатни дизајни на неколку модерни цркви ширум светот. Црквите се направени во традицијата на подигање на душата и верата, но без вообичаените религиозни елементи.
JUBILEE CHURCH (Рим, Италија)

фев 17
Постирано од admin | Постирано во Архитектура
Зградата на Правниот факулет во Сиднеј е резултат на меѓународен конкурс и претставува архитектонско обележје на Универзитетот во Сиднеј, Австралија. Освен естетскиот изглед, иновација кај овој проект е двојната фасада која дозволува вентилација и контрола на директната сончева светлина. Другиот фокус на проектот е во процесот на учењето, комбинирајќи го формалното и неформалното, физичкото и виртуелното, сето тоа дизајнирано со удобност и да предизвика инсприрација за учење кај студентите. Исто така, проектот се гордее со многу признанија и награди.
