јан 11
Постирано од admin | Постирано во Дизајн
Овие љубовни картички со искрени романтични пораки се дело на младата дизајнерка Кристен Стренг. Картичките ги прави посебни интересната типографија во комбинација со едноставните геометриски форми. Кристен истите ги продава за 3 долари, а со малку креативност може и сами да ги направите и да ги испратите до конкретната личност
.

јан 10
Постирано од admin | Постирано во Дизајн, Предмети
Овие креативни полици се дизајнирани од Ричард Молон. Достапни се сите букви, така да може да се формира било кој збор и да се состави саканата полица. Полиците се достапни во различни димензии, бои и во два различни модели, за на ѕид и за на под, така што можат да се постават во согласност со просторот.

дек 01
Постирано од admin | Постирано во Дизајн, Предмети
Најновото пакување на Starbucks само ја надополнува празничната магијата на деновите што следат. Со зимски мотиви, префинет дизајн и убави бои се украсени чашите за кафе за носење и специјалните пакувањата на неколку вкусови на кафе.

ное 22
Постирано од admin | Постирано во Дизајн, Слики
Овие интересни илустрации се дело на графичкиот дизајнер Никол Мартинез. На нив се прикажани неколку љубовни искажувања поврзани со различните науки како хемија, биологија физика и математика.

ное 01
Постирано од admin | Постирано во Дизајн, Предмети
Името на овој интересен и креативен изум е “Sharky”. Неговата форма во вид на ајкула наполнета со омилениот чај плови во вашата шолја оставајќи обоени траги во топлата вода. Зад оваа интересна идеја стои аргентинскиот дизајнер Пабло Матеода.
