јун 01

Револуционерен начин на правење кафе

Постирано од admin | Постирано во Концепт

Овој концепт на дизајнерот Heo Jeong Im ја прави иднината на кафето доста интересна. Инстант кафето се наоѓа на порцеланска лажица, го потопувате во врела вода и уживате во вашето кафе. Ви предлагаме да го погледнете и видеото.

мај 28

Креативно пакување на млеко

Постирано од admin | Постирано во Дизајн, Концепт

Овој концепт е наменет за пакување на соино млеко. Целта на ваквото необично и креативно пакување е да се информираат редовните потрошувачи на млеко дека млекото добиено од природни растенија е исто добро како и кравјото млеко. Постојат две варијанти на пакувањето. Едната е во стаклена амбалажа за помалите количини, а втората е направена од природен латекс материјал за фамилијарни пакувања.

мај 18

Креативни фото-манипулации

Постирано од admin | Постирано во Дизајн, Концепт, Фотографија

Интересни фото-манипулации каде елементи од храна и цвеќиња се монтирани на модни детали, дело на фотографот Fulvio Bonavia. Истите ќе се најдат во неговата најнова книга “A matter of taste”.

мај 18

Нов изглед за лондонските автобуси

Постирано од admin | Постирано во Дизајн, Концепт

Новиот дизајн на традиционалните лондонски автобуси е дело на британскиот дизајнер Thomas Heatherwick. Двоспратните автобуси дизајнерот Heatherwick ги креиреал во соработка со произведувачот на автобуси The Wright Group. Автобусите ќе се возат низ лондонските улици во 2012 година.

мај 10

PlayStation 4 Концепт

Постирано од admin | Постирано во Концепт

Дизајнерот Tai Chiem го креирал овој прекрасен концепт за PlayStation 4. PS4 ќе функционира преку транспарентна површина со екран на допир и сјаен црн круг за поставување на дисковите. PS4 ќе им овозможи на сите гејмери уникатно безжично искуство преку Bluetooth 2.0 конекција. Покрај тоа, транспарентната главната единица може да покаже сликички од различен дел на дискот и да му овозможи на корисникот да избере дел со едноставно допирање на соодветните слики.

мај 09

Сончев водопад за Олимписките Игри 2016

Постирано од admin | Постирано во Архитектура, Концепт

Рио де Жанеиро е избран за домаќин на Олимписките игри во 2016 година, и центар на неговата архитектура може да биде овој гигантски водопад конструиран да работи на сончева енергија. Дизајниран е од швајцарската архитектонска фирма RAFAA, и функционира на тој начин што собира сончева енергија за да ја “пумпа” морска вода нагоре, и како резултат преку вртечки турбини водата паѓа надолу. Внатрешниот простор на оваа сончева кула ќе биде исполнет со амфитеатар, продавници и бутици. Луѓе ќе може да се качуваат на врвот на кулата и да ја разгледуваат убавината на Рио де Женеиро од различни набљудувачки терени. Предвидено е дури и можност за банџи скокање.

мај 07

Ако марихуанaта беше легална…

Постирано од admin | Постирано во Дизајн, Концепт

Списанието “Print Magazine” објави неколку дизајни и концепти за тоа како би се продавала марихуаната во продавниците доколку се легализира. Следат неколкуте идеи за пакување на марихуаната.

Site Meter