мај 17

Модерен мебел за домашни меленичиња

Постирано од admin | Постирано во Предмети

Овие луксузни и модерни гарнитури изработени од квалитетни и меки материјали прават вашето милениче да се чувствува удобно додека одмара. Погодни се за мачки и мали кучиња. Најефтината гарнитура е околу 100 долари. Цените се менуваат во зависност од моделот и материјалот.

мај 07

Плишани играчки за домашни миленичиња

Постирано од admin | Постирано во Предмети

Овие плишани играчки се дел од колекцијата “Ѕаfari Аmigоѕ” и се идеални за сите домашни миленичиња кои сакаат да си играат и да ги носат своите играчки наоколу. Играчките во неколку форми на животни се продаваат по цена од 5 долари.

мај 06

Креативен канцелариски организатор

Постирано од admin | Постирано во Предмети

Името на овој креативен производ е “The Butt Station” и е совршен за организирање на било која работна маса. Содржи дел за сместување на самолеплива лента, пенкала, бизнис картички и спајалици. Се продава во неколку бои по цена од 14 долари.

мај 01

Закачалки за оние кои ги трупаат алиштата на стол

Постирано од admin | Постирано во Предмети

Ваквите необични “закачалки” ќе им се допаднат на сите оние кои ги мрзи да ги стават алиштата во својот ормар и ги трупаат на столовите во своите соби. Столот-закачалка е производ на ИКЕА, но ако имате стари столови и вложите малку труд може и сами да го направите :) .

апр 22

Перници со мотиви од Париз

Постирано од admin | Постирано во Предмети

Градот на светлината и љубовта е град кој секогаш инспирира. Еве неколку перници со дезени поврзани со Париз кои сигурно ќе им се допаднат на сите оние кои го сакаат овој прекрасен град.

апр 19

Внесете нови членови во вашиот дом

Постирано од admin | Постирано во Предмети

Овие интересни предмети во форма на човеково тело со сигурност ќе го разубават вашиот дом. До сликата на секој производ стои неговото име, па сите оние кои ги интересира каде да најдат вакви креативни производи, нека ги побараат на Интернет :) .

His and Her key holder

апр 11

Облечете го вашиот фрижидер

Постирано од admin | Постирано во Предмети

Овие магнетни панели кои ја покриваат целата површина на фрижидерот се дизајнирани од страна на студиото “Кudu Маgnets”. Панелите кои може да се најдат во многу дизајни го претвараат вашиот фрижидер во вистинско уметничко дело и истите може да ги менувате во зависност од празници, сезони или пак вашето расположение. :)

Site Meter