апр 10
Постирано од admin | Постирано во Предмети
Овие креативни налепници за окцата на вратите се производ на дизајнерското студио од Тел Авив “Ехсite”. Налепниците се квалитетни, лесно се отстрануваат и може да се постават од двете страни на вратата. Нивната цена е 9 долари.

апр 08
Постирано од admin | Постирано во Предмети
Овие уникатни држачи за книги се рачно изработени и дизајнирани од Кnob Сrееk Меtal Artѕ. Направени се од челик и се доволно цврсти да ја држат вашата колекција за читање. Доколку имате свој специфичен предлог, може да биде изработен и држач по ваша идеја.

апр 08
Постирано од admin | Постирано во Предмети
Доколку имате смисла за хумор и сакатe да се пошегувате оваа лажица за диета може да биде интересен подарок за некоја личност. Лажицата е јапонски производ и е изработена од нерѓосувачки челик.

апр 03
Постирано од admin | Постирано во Предмети
Еве уште една идеја за подарок или пак може да си купите за себе некои од овие интересни шолји за кафе или чај
. Нивната цена е 15 долари.

мар 25
Постирано од admin | Постирано во Предмети
Погледнете неколку интересни и креативни патосници за пред врата. Со истите на смешен начин може да ги поздравите вашите гости, а исто така се одлична идеја за подарок.

мар 19
Постирано од admin | Постирано во Предмети
Креветот-лулашка наречен Мооd Rоосking Веd e производ на американската фирма Ѕhinеr Internаtiоnаl, а дизајниран е од страна на Џо Манус. Изработен е од високо квалитетно дрво и челик. Овој необичен кревет може да се постави во затворени простории, но првенствено неговата намена е за под отворено небо, за романтично уживање во прекрасна природа.

мар 06
Постирано од admin | Постирано во Предмети
Налепниците за ѕид стануваат се повеќе и повеќе популарни во дизајнот на ентериерот. Во прилог погледнете неколку симпатични налепници кои светат во темница. Ако сакате да го направите позабавен вашиот дом тогаш обрнете внимание на овие налепници од “Geсkо Ѕtiсkerѕ”.
