јул 05
Постирано од admin | Постирано во Предмети
Ова интересно “парче” мебел е дизајнирано од данскиот дизајнер Андреас Бак. Столот гнездо е направен е од високо квалитетен душек кој лесно се трансформира и во кревет. Идејата за креирање на ваков стол била инспирирана од јапонскиот традиционален начин на седење вклопена со удобноста и функционалноста која ја преферира западниот свет.

јул 01
Постирано од admin | Постирано во Предмети
Поставени на прекинувачи на струја овие налепници се секогаш видливи и се тука да ве потсетат на работите кои по навика ги заборавате. Налепниците се викаат “Switch Notes” и се дизајнирани се од страна на Јihуаng Lee.

јун 28
Постирано од admin | Постирано во Предмети
Столот е дизајниран од Daiѕuke Моtogi Аrсhiteсture и е наречен “The sleepy chair”. Столот како ќебе обезбедува простор на топлина, удобност и среќа. Столот е со димензии 700x1100x950.

јун 26
Постирано од admin | Постирано во Предмети
Овој едноставен додаток е наречен МI-О и служи за организирање на кабелот од полначот на вашиот мобилен телефон. Неговата елегантна структура обезбедува удобна платформа за поставување на мобилниот телефон додека се полни. МI-О е лесен, едноставен и достапен за било кој модел на мобилен телефон. Со него телефонот е на сигурно место и нема повеќе неуредни кабли. Неговата цена е 4 долари.

јун 24
Постирано од admin | Постирано во Предмети
Овие закачалки во форма на дланка се одлична идеја да се заменат досадните и секојдневни закачалки. Креирани се од Тhеlemоnt Нuрton, доаѓаат во неколку различни бои и укажуваат на неколку различни емоции. Изберете сами на која закачалка ќе ја ставите јакната на вашиот гост.

јун 23
Постирано од admin | Постирано во Предмети
Столот е дизајниран од Сунан Квон од агенцијата НеWаѕВоrn и официјално е наречен “The Coffее Сhаir”. Инспириран од добро познатата форма на филџан, столот е наменет за ресторани, кафулиња или барови. Изработен е од дрво во елегантните бои: црна, бела и кафеава.

јун 22
Постирано од admin | Постирано во Концепт, Предмети
Чоколадото спакувано на старомоден начин со интересен печат е веројатно најпосакуваниот плик што сакате да го добиете. Креативниот концепт е развиен за фабрика кој произведува чоколадни производи и ќе се користи за специјални потреби.
