апр 17
Постирано од admin | Постирано во Разно, Слики
Следува рецепт за лесен десерт кој потсетува на небо. Потребно ви е само желе во сина боја (желе од боровинка) и шлаг пена. Стаклената чаша ја полните со синото желе, а со лажица ја ставате шлаг пената правејќи форми во вид на облаци. Продолжете наизменично да ги ставате “облаците” од шлаг пената се додека не направите едно мало парче небо во вашата чаша.
Боите го прават десерт-коктелот да изгледа прекрасно и е идеален за забави со мали деца.

апр 10
Постирано од admin | Постирано во Разно
Во денешно време популарна е идејата да се биде фотограф и многумина млади во тоа ја гледаат својата идна професија. Можеби оваа комична илустрација ќе ги предомисли
.
апр 05
Постирано од admin | Постирано во Разно, Слики
Подолу прочитајте збирка на 10тина интересни мисли на Пикасо, Ајнштајн, Дали, Ван Гог и други, кои се поврзани со креативноста.

“If you hear a voice within you say, ‘You cannot paint,’ then by all means paint, and that voice will be silenced” – Vincent Van Gogh
апр 05
Постирано од admin | Постирано во Разно, Слики
Доколку сте љубител на кученца, ова би бил идеалниот подарок за вас. Доволно е да го погледнете овој мал, симпатичен мопс и да сфатите дека славеникот е вистински среќник
.

апр 03
Постирано од admin | Постирано во Разно, Слики
Погледнете ги симпатичните фотографии на поларната мечка Вилма заедно со нејзината ќерка, поларното мече Анори. Двете живеат заедно во зоолошката градина Вутертал, во западна Германија. Анори се роди на 4ти јануари оваа година.

апр 01
Постирано од admin | Постирано во Разно, Слики
Прекрасното езеро Текапо е второ по големина од трите езера кои се наоѓаат долж северниот раб на областа Мекензи во Нов 3еланд. Зафаќа површина од 83 километри квадратни и се наоѓа на надморска височина од 700 метри. Езерото е популарна туристичка атракција и неколку хотели се изградени во близина. Исто така, во истиот предел се наоѓа и астрономска опсерваторија.

мар 30
Постирано од admin | Постирано во Разно, Слики
Овие две убавици се дел од зоолошката градина во Цирих, Швајцарија. Лиска и Лува, како што ги нарекуваат вработените во зоолошката, се сибирски (амурски) тигрици и поради нивната исклучителна поврзаност како сестри се вистинска атракција кај посетителите.
