Денот трае подолго, температурите растат, се ближи лето. COOLeria.mk во предстојниот период сукцесивно ќе Ви презентира интересни маички по куси ракави со уникатни и креативни апликации.
Додека возачите чекале на семафори, група велосипедисти истуриле неколку десетици литри боја низ улиците на Берлин. Потеклото за оваа акција не е познато. Погледнете го убавиот гест низ овие неколку слики.
Погледнете неколку фотографии од големото церемонијално отварање на EXPO 2010 во Шангај. Интересни пиротехнички ефекти, ласери и рефлектори во многу бои го красеа небото над Шангај.
Топлес фотографија од Lady Gaga ја краси насловната страна од новиот број на магазинот ELLE South Africa. Одговорен за стајлингот на Gaga во оваа сесија е Hussein Chalayan.
Исто така, предстојниот број на V Magazine ќе обелодени досега необјавени фотографии од Lady Gaga. Matthew Williams (кој беше назначен за креативен директор на специјалната рубрика Polarid) “ја следеше” Lady Gaga изминативе неколку месеци во NY, LA и Miami.
Несомнено, ова ќе бидат најпродаваните броеви на ELLE и V досега.
Аурора или уште позната како северна / јужна поларна светлина е типична за поларните региони и се случува во текот на ноќта во јоносферата. Ефектот на аурора е познат под името auroris borealis. Термининот потекнува од римската божица на муграта Аурора. При оваа појава на небото се забележуваат интензивни зелени линии и црвеникав сјај. Луѓето кои живеат на јужниот пол уште ја нарекуваат “танц на духовите”. Уживајте во магијата на аурора!!
Дваесет разнолики чоколадни десерти направени по урнек на популарните iPhone иконите спакувани во луксузна iPhone кутија. Со вкус на карамела, какао, кокос и кафе. Ова задоволство ќе Ве чини 46 долари.
Reed Flute е всушност најголемата сценска пештера сместена во кинескиот туристички град Guilin. Guilin е антички живописен град кој се наоѓа во јужниот дел на Кина, најубавиот град во Средното Кралство. На северо-запад, седум милји од центарот на градот се наоѓа планината Guanminshan, додека пак на неговата јужна страна е пештерата Reed Flute. Станува збор за уникатна пештера.