апр 02
Уметнички дела на голо тело
Постирано од admin | Постирано во Уметност
Цртењето на човечката фигура е вештина која повеќето уметници се обиделе да ја совладат за време на нивните кариери. Истата вештина Гесин Марведел ја усовршила и создала уникатни уметнички дела, притоа трансформирајќи ги живите модели во платно. Гесин е 24 години и со нејзиниот талент за цртање им помагала на болни деца преку креативни терапии поврзани со уметноста и музиката.
мар 25
Губејќи се во добрата книга
Постирано од admin | Постирано во Уметност
Џоел Робинсон е фотограф од Канада кој ужива во читањето на книги. Преку неговото портфолио може да се заклучи креативната поврзаност што тој ја има со литературата што ја чита. Низ неговите дела создава атмосфера со надреални слики, а неговата бујна фантазија е под силно влијание со приказните што ги чита. Во прилог погледнете серија на неговите извонредно креативни дела поврзани со книгите.
мар 20
Инспирирано од играта ”Аngry Вirds”
Постирано од admin | Постирано во Уметност
мар 15
Инспирирано од љубовните ситуации
Постирано од admin | Постирано во Дизајн, Уметност
Овие интересни илустрации се дело на Такер Рзепецки а.к.а. Боб Рз. Негова инспирација за илустрациите во прилог се типичните љубовни ситуации. Повеќе од неговата интересна работа може да погледнете овде.
мар 14
Неверојатна уметност на лушпа од јајце
Постирано од admin | Постирано во Уметност
Овие уникатни уметнички дела се производ на словенецот Франк Гром. Неговата сигурна рака и креативен ум се одговорни за оваа кревка убавина која ја создава веќе 20 години. Неговите прекрасни примероци ги прави со дупчење на лушпата од јајцето и за едно такво дело треба да направи и до 18 000 мали дупчиња. Неговите уникатни уметнички дела се изложуваат насекаде низ светот, посебно околу Велигденските празници.














Модерен мебел за домашни меленичиња
Носталгија за детството
Венчавка во англиски стил
Алкохолните пијалоци под микроскоп
Видео: Лондон гледан од небото
Лана дел Реј за списанието ”Моda S”
Постери со силни пораки за заштита на Земјата