Ви презентираме интересен и креативен уред за велосипед кој всушност претставува светлосна 8 × 8 (LED) матрица со опција за подесување. КОмпјутерски преку web-базираниот софтвер можат да се преземат различни графики, анимација или фрази кои може да ги искористите како светлосна сигнализација. Така можете да споделите дали сте тажни, среќни или пак склони кон флерт! Најидеално, возете насмеани!
Следнава колекција содржи мобилните телефони кои се креирани во соработка со познатите автомобилски брендови. Освен скапите материјали од кои се направени телефоните, тие имаат интересен дизајн и содржат некои несекојдневни опции. Дизајнирани се така да одговараат на автомобилскиот бренд кој го претставуваат.
Следат 10 неверојатни футуристички концепти на мобилни телефони креирани од талентирани и врвни дизајнери. Благодарение на ваквите кул идеи можеме да претпоставиме како ќе изгледаат мобилните телефони во иднината, како би се прикажувале податоците, како би се извршувале основните функции и останато.
Оваа интересна и анимирана книга за деца е идеја на јапонското дизајнерско студио Mobile Art Lab. Книгата се вика iPhone Book и претставува сликовница која се анимира преку iPhone. Во книгата со шарени и детски дизајни се вметнува iPhone- от и се стартува анимацијата.
Само неколку дена по појавувањето на новиот модел на револуционерниот iPhone, се појавија верзии наменети за оние побогатите кои копнеат за сјај и луксуз. CrystalRoc го промовираше новиот Apple iPhone 4 покриен со над 1500 индивидуалните Swarovski кристали поставени на лесна хромирана основа. CrystalRoc ќе започне со нарачки на 24 јуни оваа година.