дек 21

Езерото Блед во Словенија

Постирано од admin | Постирано во Занимливости, Слики

Езерото Блед е глацијално езеро кое се наоѓа во општина Блед во северозападниот дел на Словенија. Во прекрасниот пејзаж совршено се вклопува малиот остров во средината на езерото кој е дом на црквата “Успението на Богородица”. Често може да се слушне камбаната на црквата и се верува дека посетата на црквата додека бие камбаната носи среќа. Романтичната црква е популарно место за венчавки, а во близина се наоѓа и замокот Блед. Посетителите на езерото Блед можат да уживаат во прошетка низ езерото, во риболов или да пливаат во прекрасните смарагдни води во летните месеци. Регионот изобилуваа со можности за пешачење во близина на Националниот парк Триглав. Најблискиот аеродром до Блед е аеродромот Јоже Пучник во Љубљана.

дек 20

Tунел направен од безброј светилки

Постирано од admin | Постирано во Занимливости

Тунелот од безброј светулки е дел од забавниот парк Nabano No Sato и е една од најубавите празнични атракции во Јапонија. Тунелот работи 4 месеци, од ноември до март и за време на тој период го посетуваат огромен број туристи со што претставува една од најпознатите туристички атракции во оваа област. Освен по тунелот, паркот е познат и по впечатлива цветна градина, топли базени, традиционални ресторани и продавници.

мај 16

Уживање во базен со ајкули

Постирано од admin | Постирано во Занимливости, Разно

Ова интересно и необично искуство го нудат базените на некои од најлуксузните хотели и вили ширум светот. Во ограмни аквариуми поврзани со базените се сместени најразлични животни од подводниот свет, меѓукои и ајкули. За да биде доживувањето поголемо некои од аквариумите имаат вградено и тобогани.

апр 29

Кралска венчавка како од бајките

Постирано од admin | Постирано во Занимливости, Фотографија

Конечно се случи најочекувана венчавка. Принцот Вилијам и сега неговата жена Кејт Миделтон го кажаа судбоносното “ДА”. Низ следниве фотографии погледнете ја нивната венчавка како од бајките и бакнежот кој го очекуваа илјадници луѓе пред балконот на Бакингемската палата.

апр 07

15 Потонати бродови во минатото

Постирано од admin | Постирано во Занимливости

Без оглед на причината, овие потонати и уништени бродови се физички пример за некаков настан од минатото. Обединетите Нации проценуваат дека постојат повеќе од 3 милиони потонати бродови на дното на океаните. Овие некогаш силни бродови се потсетник дека ништо не трае вечно и се прозорец кон човечкото минато. Погледнете 15-тина такви бродови на различни места во светот.

Oregon, САД

мар 16

Неверојатниот парк Маркесак во Франција

Постирано од admin | Постирано во Занимливости, Слики

Градот Везак во регионот Дордоња во Франција е дом на еден од најубавите предели во светот, познатиот пар Маркесак. Овој неверојатен пејзаж е извиен околу замок кој датира од XVII век. Прв пат формите на градината се дизајнирани и се одржуваат уште пред 300 години. Паркот е достапен за јавноста од 1996 година. Целиот парк се протега низ патеки долги 5 километри. Од фотографиите ќе се уверите дека паркот е место кое вреди да се посети.

фев 24

Најпопуларните машки и женски имиња во Европа

Постирано од admin | Постирано во Занимливости

На следниве две мапи се прикажани најпопуларните машки и женски имиња во Европа. Според податоците земени од Википедија кај нас најпопуларно машко име е Александар, а кај женските е името Марија. Кај машките во топ 5 влегуваат и имињата Зоран, Никола, Горан и Драган, а кај женските Билјана, Елена, Весна и Снежана.

Maшки имиња

Site Meter