сеп 03
Дизајн создаден само за најхрабрите
Постирано од admin | Постирано во Мода
Модниот дизајн е многу повеќе од само креирање облека и модни додатоци. Гледајќи кон иднината, од почетокот на 21 век, можат да се видат радикални промени во модата, архитектурата, графичкиот дизајн, технологијата и слично, кои овозможуваат редефинирање на размислувањето во врска со модата и дизајнот воопшто.

Како резулатат на тоа, оваа колекција LEDesign е произлезена од желбата да се даде нова слика, нов начин на конзумирање на модата и дизајнот кај нас. Од потребата да се претстави облеката и накитот на еден сосема нов начин. Црно бели парчиња, лед диоди, батерии, во комбинација со алуминум и плексиглас, рачно изработени етно мотиви од македонските носии трансформирани на сопствен начин. Сето тоа е дел од електронската приказна на Јована Филиповиќ, од нејзиниот сон, кој конечно стана реалност и е спремен да се доживее.





Модел: Маја Ангеловска
Фотограф: Дарко Мораитов
Шминка и фризура: Миа Костова
Локација: Клуб Paradiso







Фантастична пица торта
Видео: Сонувајќи за Италија
Дали сте заинтересирани за кревет од 42 000 евра?
Како ќе изгледаат тостерите за леб во иднина
Прекрасната вила во ”Долината на кралевите”
Најубавите работи во животот се бесплатни
Шолја за кафе за оние кои го сакаат Њујорк