сеп 02
Светот во женска форма by Росица Мршиќ
Постирано од admin | Постирано во Мода
Својата колекција за сезоната пролет/лето 2010, Росица Мршиќ ја наслови “Светот во женска форма”, токму поради инспирацијата која потекнува од делата на големиот австриски уметник кој живее и твори на почетокот на 20. век, Густав Климт. Неговите дела изобилуваат со сензуалност и раскошна естетика што е и главниот двигател на создавањето на оваа оригинална модна колекција, сè со цел будење односно потврдување на мистиката што ја носи секоја жена во себе.
Во колекцијата создадени се над хх парчиња, а повторно главен медиум за пренесување на идеите на Росица се фустаните. Во колекцијата доминира црната боја како основа, но сите додатоци се во бои кои се полни со живот и носат порака на игра и возбуда.
Она што ја чини оваа х. по ред колекција на Росица е што е наменета да ја облече жената од “глава до петици”, нудејќи за прв пат дизајнирани хулахопки кои се во линија на целиот концепт, како и чевли кои се потпишани со името на македонската дизајнерка Росица Мршиќ.
Парчињата можат да се најдат во студиото на Росица Мршиќ, како и во концептуланата продавница “Лудус”.
“И да, модата е дефинитивно и уметност, и став и треба да знае да се носи”, – Росица Мршиќ








Фотографија: Роберт Јаневски
Модел: Катерина Урдова








Фантастична пица торта
Видео: Сонувајќи за Италија
Дали сте заинтересирани за кревет од 42 000 евра?
Како ќе изгледаат тостерите за леб во иднина
Прекрасната вила во ”Долината на кралевите”
Најубавите работи во животот се бесплатни
Шолја за кафе за оние кои го сакаат Њујорк