мар 19

Човекот кој им шепоти на лавовите

Постирано од admin | Постирано во Слики

Кевин Ричардсон е човекот кој најдобро знае да се справи со однесувањето на животните. Објаснувањето за тоа се потпира на инстинктот да може да ги освои срцата на големите мачки и да формира интимна комуникација со нив. За да го направи тоа, тој не користи вообичаени методи на кршење на духот на животното со стапови и синџири, наместо тоа користи љубов, разбирање и доверба. Со оваа необична метода на обука тој има развиено некои исклучително лични врски со неговите ученици. Тој ги поминува деновите дружејќи се со нив, без ни малку страв дека ќе биде нападнат. Неговата магија не поминува само кај лавовите, туку и кај другите животни како гепарди, леопарди, па дури и хиени.

мар 18

Aлпите во текот на ноќта

Постирано од admin | Постирано во Фотографија

Типичните фотографии со Алпите oбично се со светло сонце, прекрасни зелени бои и многу снег, но оваа колекција наречена “Ѕilent Моuntains” на фотографот Мајкл Шнабел ни ги прикажува Алпите во текот на ноќта. Уживајте во мистичните фотографии на овие масивни природни форми.

мар 17

Н&М бикини за лето 2012

Постирано од admin | Постирано во Мода

Погледнете ги најновите модели на H&M бикини од колекцијата лето 2012. Сите парчиња се во едноставен стил со импресивни бои, елегантни и со интересни детали кои ќе направат да се чувствувате прекрасно додека пливате или се сончате на топлото сонце.

мар 15

Адидас патики во боите на oлимписките кругови

Постирано од admin | Постирано во Мода

Во пресрет на Олимписките игри кои оваа година ќе се одржат во Лондон, Аdidas Originals ја презентираат оваа најнова колекција. Инспирирани од симболиката на олимписките кругови кои ги претставуваат петте континенти кои учествуваат на игрите, овие патики ќе бидат достапни овој месец и ќе се произведуваат се до крајот на Олимписките игри.

мар 15

Елегантната јахта СRОNОЅ

Постирано од admin | Постирано во Концепт

Овој концепт на елегантна јахта наречен Cronos е дизајниран од страна на Симон Мадела и Лоренцо Берсели, италијански студенти кои моментално студираат на Европскиот институт за дизајн. Нивната јахта нуди богата внатрешност, а истовремено и пространи палуби. Минималниот и футуристичкиот ентериер и екстериер ја прават оваа луксузена јахта идеална за патување.

мар 15

Инспирирано од љубовните ситуации

Постирано од admin | Постирано во Дизајн, Уметност

Овие интересни илустрации се дело на Такер Рзепецки а.к.а. Боб Рз. Негова инспирација за илустрациите во прилог се типичните љубовни ситуации. Повеќе од неговата интересна работа може да погледнете овде.

1

мар 14

Неверојатна уметност на лушпа од јајце

Постирано од admin | Постирано во Уметност

Овие уникатни уметнички дела се производ на словенецот Франк Гром. Неговата сигурна рака и креативен ум се одговорни за оваа кревка убавина која ја создава веќе 20 години. Неговите прекрасни примероци ги прави со дупчење на лушпата од јајцето и за едно такво дело треба да направи и до 18 000 мали дупчиња. Неговите уникатни уметнички дела се изложуваат насекаде низ светот, посебно околу Велигденските празници.

Site Meter