јан 24

Маички за оние кои сакаат да се гушкаат

Постирано од admin | Постирано во Мода

Апликацијата на овие симпатични маички e дело на илустраторот и графички дизајнер Ли Хенг Суи. Неговата илустрација станува популарна на Интернет. Под мотото “Hugs keep as alive” ги креирале овие интересни маици кои можат да се набават онлајн.

јан 22

Зборови кои би сакала да ги слушне секоја бремена жена

Постирано од admin | Постирано во Разно

Интересен сет на фотографии кои ќе им се допадне на сите жени што некогаш биле или се бремени. Фотографиите се направени од уметникот и графички дизајнер Ејми Морисон. Ејми издвоила неколку реченици кои секоја бремена жена би сакала да ги слушне. Следат неколку од нејзините омилени.

јан 22

Црно-бели фотографии од минатото во реални бои

Постирано од admin | Постирано во Слики, Фотографија

Ако некогаш сте се запрашале како изгледаат некои од светски познатите црно-бели фотографии во боја, уметникот Сана Дулвеј ќе го даде одговорот. Сана е шведски уметник коj на фотографиите од минатото им дава реални бои. Нејзината колекција ги опфаќа портретите на познати историски личности, вклучувајќи ги Абрахам Линколн, Че Гевара, Алберт Ајнштајн, Ана Франк и многу други.

јан 20

Хотелот до Ајфеловата кула во Париз

Постирано од admin | Постирано во Архитектура

Ланецот хотели Шангри-Ла се светски познати хотели за луксузно сместување, со претпознталиво гостопримство и прецизни делати. Минатата година седиштето на овој ланец хотели лансирање хотели и во Париз на најатрактивна локација, веднаш до Ајфеловата кула. Зградата на хотелот била изградена уште во 1896 година за правнукот на Наполеон Бонапарта, принцот Роналд Бонапарта. Повеќе од 4 години зградата се реновирала и секоја од собите оживеала во нејзината оригинална суштина. Моментално хотелот нуди 81 соба и 27 апартмани. Можеби, најинтересниот дел од овој историски објект е воодушевувачкиот непречен поглед од собите кон Ајфеловата кула и реката Сена.

јан 18

Вкусни крекери во форма на животни

Постирано од admin | Постирано во Слики

Овие крекери ќе им се допаднат на сите оние кои сакаат едноставни, а истовремено вкусни колачиња. Основниот рецепт на крекерот содржи екстракт од ванила, но постојат рецепти и за солена варијанта. Овде може да прочитате еден оригинален рецепт за подготвување на крекери.

Site Meter