јан 12
Постирано од admin | Постирано во Слики
Суровата судбина, лошото искуство со животот и бедните услови за егзистенција не ги направиле овие луѓе лоши и нечувствителни. И покрај се, го задржале човечното во себе, пружејќи љубов на нивните кучињата, најдобрите пријатели за кои знаат дека никогаш нема да ги изневерат. Погледнете ја галеријата, со сигурност нема да ве остави рамнодушни.

јан 12
Постирано од admin | Постирано во Архитектура
Проектирана од американското архитектонско студио Маrk Dziеwulѕki, “Куќата покрај езерото” како што е и официјално наречена, почнала да се гради во јуни 2006-та година и била готова во март 2010-та година. Направена е од челик, бетон и стакло, издигната 5 спрата и во неа се наоѓаат 4 спални соби, 4 бањи, стаклен лифт и стаклени скали на 6 нивоа. Погледот кон езерото Тахо ја прави куќата уште поатрактивна. Моментално истата е на продажба и нејзината цена е неверојатни 43.000.000 долари
.

јан 12
Постирано од admin | Постирано во Слики
Љубов, великодушност, емоции, несвесност, интуиција, индивидуална одговорност, креативност, комуникација, независност… Ова се само дел од состојбите кои се поврзуваат со оваа боја.
Тиркизната боја повеќе е поврзана со чувството, сонот и креативното изразување отколку со рационалната мисла. Бојата помеѓу зелената и сината се однесува и на трансформација, еволуција, промена, споделување, бранови… Кај сликите од галеријата што следи доминира тиркизот давајќи посебна убавина на секој простор и форма (реални или замислени).

јан 11
Постирано од admin | Постирано во Разно, Слики
Секоја година езерото Луиз станува дом на отворено лизгалиште кое се смета за најголемо природно лизгалиште во Канада. Многу туристи во текот на зимската сезона го посетуваат езерото и затоа убавата глетка е збогатена со неверојатен замок изграден од блокови мраз.

јан 11
Постирано од admin | Постирано во Дизајн
Овие љубовни картички со искрени романтични пораки се дело на младата дизајнерка Кристен Стренг. Картичките ги прави посебни интересната типографија во комбинација со едноставните геометриски форми. Кристен истите ги продава за 3 долари, а со малку креативност може и сами да ги направите и да ги испратите до конкретната личност
.
