мар 28
Постирано од admin | Постирано во Архитектура
Овој необичен хотел е лоциран во областа Саси која е дел од Матера, град во јужниот дел на Италија. Хотелот “Sextantio Le Grotte Della Civita” e eдинствениот хотел во светот изграден во рамките на природната екстраваганција на праисториски пештери. Овој хотел е добро сочуван пример за градот каде што илјадници пештери со векови се користат како живеалишта, цркви, па дури и палати. Од 1993-та година хотелот е под заштита на УНЕСКО каде што луксузната удобност е во идеален спој со праисторискиот дизајн.

мар 27
Постирано од admin | Постирано во Дизајн, Фотографија
Агенцијата АGЕ Iѕоbar од Бразил е одговорна за овие постери кои се дел од кампањата на хуманитарната организација “Црвен крст”. Со фотографиите на Серџо Бас, одговорните од агенцијата одлучиле да го истакнат црвениот крст со цел да се покаже единството и посветеноста на организацијата со кои им помага на луѓето.

мар 27
Постирано од admin | Постирано во Архитектура
Неодамна неколку отворени Starbucks кафетерии низ различни градови во светот имаат своја приказна и посебен концепт. Последната кафетерија отворена во Амстердам беше наречена “The Bank”.

мар 25
Постирано од admin | Постирано во Уметност
Џоел Робинсон е фотограф од Канада кој ужива во читањето на книги. Преку неговото портфолио може да се заклучи креативната поврзаност што тој ја има со литературата што ја чита. Низ неговите дела создава атмосфера со надреални слики, а неговата бујна фантазија е под силно влијание со приказните што ги чита. Во прилог погледнете серија на неговите извонредно креативни дела поврзани со книгите.

мар 25
Постирано од admin | Постирано во Предмети
Погледнете неколку интересни и креативни патосници за пред врата. Со истите на смешен начин може да ги поздравите вашите гости, а исто така се одлична идеја за подарок.

мар 20
Постирано од admin | Постирано во Уметност
Заразната игра која е прогласена за еден од најголемите хитови во последниве 2 години ја инспирирала Силвија В. да ги направи овие интересни дела. Силвија е по потекло од Полска и е вистински зависник од популарната игра.

мар 19
Постирано од admin | Постирано во Предмети
Креветот-лулашка наречен Мооd Rоосking Веd e производ на американската фирма Ѕhinеr Internаtiоnаl, а дизајниран е од страна на Џо Манус. Изработен е од високо квалитетно дрво и челик. Овој необичен кревет може да се постави во затворени простории, но првенствено неговата намена е за под отворено небо, за романтично уживање во прекрасна природа.
