дек 21

Езерото Блед во Словенија

Постирано од admin | Постирано во Занимливости, Слики

Езерото Блед е глацијално езеро кое се наоѓа во општина Блед во северозападниот дел на Словенија. Во прекрасниот пејзаж совршено се вклопува малиот остров во средината на езерото кој е дом на црквата “Успението на Богородица”. Често може да се слушне камбаната на црквата и се верува дека посетата на црквата додека бие камбаната носи среќа. Романтичната црква е популарно место за венчавки, а во близина се наоѓа и замокот Блед. Посетителите на езерото Блед можат да уживаат во прошетка низ езерото, во риболов или да пливаат во прекрасните смарагдни води во летните месеци. Регионот изобилуваа со можности за пешачење во близина на Националниот парк Триглав. Најблискиот аеродром до Блед е аеродромот Јоже Пучник во Љубљана.

Related Posts with Thumbnails

Твојот коментар:

Site Meter